Почетна Археологија Палеоантропологија Мојот web site Креативно катче Мојата поезија АрхиваRSSНајди ме
My new web site has just been released. Препорачливо е блогот да се гледа со Mozilla Firefox
Блогот како виртуелен артефакт
9-Mar-2008

Прво да ја разгледаме тезата дали еден артефакт може да биде виртуелен.

Според многу дефиниции кои постојат за ракотворбите, артефактот претставува предмет кој човекот го направил или преправил и со него се користел во некое одредено доба или период. Артефактите можат да бидат готови или нус прозиводи добиени во технолошкиот процес на нивното создавање. Со кратки зборови - Артефакт е се што е man-made. Е сега оваа дефиниција под дифолт се однесува на периодот во кој не постоел интернетот, па мислам дека е редно за поместување на некои репери. И дефиниции. :)

Со напредокот на дигиталната технологија и самата создадена од човекот, мислам дека се руши границата на точната или вистинската дефиниција што е тоа артефакт, иако под тој термин се подразбира се што е физичко и може да се допре. Но дали ако некоја слика (како што се дигиталните фотомозаици) која е создадена со компјутерски процес и ја има само на Интернет, не е слика? Или артефакт?

На овие артефакти кои се настанати во дигиталниот свет и опстоујуваат во нивната автохтона средина како културен феномен на модерното опшество, сепак не може да им се намали нивното значење и функција, најмногу поради фактот што понекогаш имаат ефект и во реалниот свет. Тогаш што е вистина, а што реалност?…Наместо дебата своевремено напишав еден расказ, но кој како го свати. На крај заклучокот беше дека вистинска е онаа реалност која носи последици, сеедно од каков тип е таа.

Сепак, oтсуство на доказ (не) е и доказ за присуство … на артефактот.

Од друга страна секој артефакт има одредени атрибути според кои се категоризира, како што се основна морфолошка, техничка, стилска или функционална карактеристика. Така во блогот е содржано се што би можело да биде карактеристика за еден предмет, т.е. артефакт. Од денешна перспектива би можела да кажам дека се што е направено од човекот во физичкиот свет претставува аналоген, а се што е направено во дигиталниот свет, виртуелен артефакт.

Како што можам да забележам, единствениот линк помеѓу физичкиот и виртуелниот артефакт се човечките раце кои го создаваат и едниот и другиот.

Има виртуелни музеи. Има весници кои егзистираат само виртуелно. Зошто тогаш и блогот сам по себе како еден од многуте типолошки облици кои постојат исклучиво во дигиталниот свет, не би се третирал како виртуелен артефакт.


Текстот e поставен на Кајмакот. За постот можете да гласате тука.
Археолошка креативна работилница - нова филијала на Археоблог
24-Feb-2008
Оваа филијала на Археоблог моментално насловена како Креативна археолошка работилница или скратено Архео-креатива, го претставува моето креативно виртуелно катче. Со овoj веб простор дефинитивно ги одвојувам своите личните креации и афинитети кон разните категории на уметноста од сферата археологијата, иако несомнено тие честопати ќе се преплетуваат.

Страниците се во работната верзија и сајтот е се уште во изработка…

Секоја сугестија е добредојдена :)


Археолошки дневник vol.1 (c) 2006-2009 designed by Admin