Почетна Археологија Палеоантропологија Мојот web site Креативно катче Мојата поезија АрхиваRSSНајди ме
My new web site has just been released. Препорачливо е блогот да се гледа со Mozilla Firefox
Проект Жлуст и Македонската филхармонија
18-Jan-2008
Нема да направам рецензија за овој несекојдневен урбан настан. Спојот на Македонската филхармонија со членовите на групата Жлуст (која и онака има неконвенционален избор на музика) беше навистина по многу нешта - необичен. На сите кои не дојдоа на концертот треба да им биде криво, бидејќи не верувам дека вакво нешто во догледно време ќе се повтори. Ова е прв пат да го видам Дом на АРМ преполн. Немаше место да се седи на скалите, а имаше и луѓе кои стоеја. Целиот настап се снимаше, па ако испаднало добро, оние кои не беа присутни можеби ќе имаат можност да го чујат на це де.



Клучни зборови: , , , , , , , , , , , , ,
Апдејт: „Проект жлуст“ и Македонската филхармонија - концерт за паметење - напис на Тина Иванова со каква таква, не баш мене многу допадлива критика (и ж со мала буква). Дечките заслужија повеќе.
Поли Џин sings again
14-Dec-2007
После многу години битисување на алтер-рок сцената, моето внимание повторно го заокупира еден нејзин музички албум насловен како White Chalk (2007). Пријатно сум изненадена од драстичното решение Поли Џин своето понекогаш налудничаво и невротично однесување да го замени со шепотење, а гитарата со пијано. Со еден минималистички приод кон градењето на своите композиции (претежно пијано балади) конечно слушам една сосема поинаква PJ Harvey. Албумот звучи безвременски, на моменти дури и патетично, па песните делуваат отсвирени како PJ само да гребе по нив. Текстовите нормално не отсапуваат од нејзиното прилично темно расположениe, својствено и за претходните албуми.


This album is highly recomended. Посебно за тебе, ТИ високо еволуирана единко, with a possible latent suicidal tendencies. :))))))

Археолошки дневник vol.1 (c) 2006-2009 designed by Admin