Почетна Археологија Палеоантропологија Мојот web site Креативно катче Мојата поезија АрхиваRSSНајди ме
My new web site has just been released. Препорачливо е блогот да се гледа со Mozilla Firefox
,,Тајната книга" е запишана во секое срце (10)
10-Jan-2007
Понекогаш во филмската индустрија, како во овој случај, содржината е поважна од пакувањето. За мене филмот каков и да е, представува своевидно мало ремек-дело. Би сакала да обрнам внимание на неколку други елементи кои провејуваат во Тајната книга, кои ќе ги протолкувам според моето субјективно мислење.

Ми се допадна визуелизацијата на средновековието. Од архитектурата, до облеката, како и представата на тогашните комплексни средновековени друштвено-културни феномени, кои преку извонредно експилцитен карактер се примамливи за сите конзументи на филмов. Една сакралност до коска соголена. А артефактите во филмот, погледнати низ времеската лупа го оживуваат духот на едно време, на еден среден век... како од книгите.

Веројатно посебна атмосвера на Тајната книга му дава музиката, правена во духот на византиската традиција. Користејќи автентични инструменти, авторот Тоше Поп Симонов во повеќе наварати успева (како што вели Кибицерот) да ви предизвика чувство на ,,пеперутки во стомакот”.

И така по цел серијал, веројатно дојдов и до последниот текст, а се уште не ги исцрпив сите теми за кои може да се зборува. Во меѓувреме ,,Митот за Тајната книга стана реалност. Филмот носи порака поголема од религијата. Порака која е повеќедименионална и временски и просторно неограничена. Со онолкав капацитет кои ќе си го приуштиме. Порака за љубовта. Од Македонија. За цел свет.

Во секој случај за тајната на една книга ќе се зборува многу долго и по фимот бидејќи: ,,Не постои тајна книга во хартиена верзија. Секое срце е книга каде се запишуваат тајните”.

Крај на серијалот

p.s. им благодарам на сите кои ме следеа, читаа и коментираа
Зошто Бигор(ски) во Тајната книга? (9)
9-Jan-2007
Докажано е дека кај луѓето понекогаш остануваат работи кои честопати се рефлектираат во колективната свест преку одредени топоними. Така едно село во Македонија се вика Бигор, еден манастир кај с.Ростуше, од левата страна на реката Радика се нарекува Бигорски, но и еден град во југозападна Франција кој е поврзан со катарската Крстоносна војна  - се вика Бигор. Интересно е што грбот на овој град за основа има црвена боја. Црвената боја е боја на Богомилите. Но, нема да навлегувам во неговата хералдика. Таа не е тема на овој пост.

Бигорски е еден од главните ликови во Тајната Книга. Тој е еден чудак од Македонија, кој ги  испраќа пораките во Франција. Како што велат авторите на делото, тој себе си се идентификува со авторот на ,,Тајната книга", за која се претпоставува дека ги содржи принципите на доброто и злото, принципот на моќта. На богомилската религија.

Цитат

...не сум сигурен за бигорот дали симболиката богомилска ја има од црвениот камен бигорен на Каин во Библијата, а и многу наши стари цркви се градени од бигор покрај другиот материјал ... Фљамбур


Но зошто Богомилството и бигорот? Која е врската помеѓу нив.

Прво, под бигор се подразбира калциум карбонатен камен. Тоа е оној истиот ,,талог" што го гледате кога ќе ви се расипе бојлерот. Истиот оној кој се додава на водата за да биде повкусна и "потврда" и за полесно со неа се измијат рацете и облеката.

Потоа, бигорот е дел од средновековните архитектурални зданија на територија на Македонија, бидејќи било вообичаено византиските цркви да бидат ѕидани од камен, тули и бигор.

Но, бигорот како талог може да биде разбран и на емотивна основа, како тежина, тешкотија, јад, болка, напатеност. Како една состојба кај дел од народот кој живеел на оваа територија и кој морал да најде начин да ја опише својата душевна состојба.

Кучињата квичат
волците се ближат
невестите бигор
на градите нижат

Месечина   - Матеја Матевски

Поврзувајќи ги сите овие работи, секако не смееме да си дозволиме по било која цена да ги толкуваме како што ни одговараат на нам, туку е потребна една доза на коректност при користењето на информациите. Мора да се остави место за проверка на фактите, а не за нивна шпекулација.

Сепак, симболиката на бигорот е и од повеќе јасна во филмот ,,Тајната книга".

продолжува

Археолошки дневник vol.1 (c) 2006-2009 designed by Admin