Посвета*
16-May-2006
Што ако твојот одраз во огледалото нема форма, ниту лик.
Што ако твојот одраз во огледалото
нема вибрација ниту звук.
Што ако твојот одраз во огледалото
има боја нијансирана со топла или ладна палета.
Што ако твојот одраз во огледалото
е разредена или збиена маса од вибрации.
Но што ќе се случи
ако твојот лик во огледалото
е чиста енергија
произведена во мојата имагинација.
*посветено на една посебна личност

објавено од milozvucna_solza во 05:38 PM | во:
Мојата поезија
Permalink | испрати по е-маил |Коментари(0)
Permalink | испрати по е-маил |




















Додади коментар
Коментари: