Почетна Археологија Палеоантропологија Мојот web site Креативно катче Мојата поезија АрхиваRSSНајди ме
My new web site has just been released. Препорачливо е блогот да се гледа со Mozilla Firefox
Изложба на монети за минатото на Скопје
19-Apr-2007
„Парите - сведоштво за минатото на Скопје“ е насловот на изложбата што вечерва, во 20 часот, ќе биде отворена во Музејот на град Скопје. Преку изложените монети и банкноти од нумизматичките збирки на овој музеј ќе биде презентирана долгата историја на Скопје, а Музејот ќе се вклучи во одбележувањето на јубилејните 15 години од монетарното осамостојување на Република Македонија. Изложбата ќе ја отвори археологот Вера Битракова-Грозданова.

Во поставката ќе бидат опфатени сите историски периоди на урбано живеење - од античкиот период, кога градот бил основан како римски град Скупи, преку средновековието кога кога развојот продолжил на Скопското кале, низ следните неколку века од османлискиот период и бурните случувања во Македонија во 20 век, кога се смениле владетели од разни етнички и географски потекла. Изложбата ја подготвија археологот Марина Ончевска-Тодоровска, историчарките на уметноста Драгица Живкова и Снешка Лакалиска и историчарот Стоиле Трајковски.

Веста е во целост превземена од Дневник
објавено од milozvucna_solza во 04:12 PM | во: Археологија
Permalink | испрати по е-маил | Коментари(0)

Додади коментар

Коментари:



Археолошки дневник vol.1 (c) 2006-2009 designed by Admin