Фрагменти...
10-Jul-2007
Има денови кога клепките ми паѓаат од умор. Тогаш седнувам да се опуштам во еден од објектите кои мајка ми ги замисли како нејзин мини-проект. Прво купи едни столици на распаѓање во отпадот на крајот од градот, па кога ги однесе кај мајсторот за поправка, jадниот се прашуваше од каде ли да почне да ги составува. Потоа ме влечкаше со денови по продавниците за платно, сунѓери, и разни други додатоци. Патентите требало да бидат овака поставени, штеповите онака сошиени.
,,Мамо немаме каде да ги ставиме овие гломазни столици. Целата гарнитура ќе ни го окупира станот".
,,Нема, нема, така ќе ги распоредиме по собите што совршено ќе се вклопат во просторот".
,,Ама мамо, јас немам намера да седам во антиквитети".
Mислев дека сум попитома, но наместо помош стално и правев ситни опструкции. Каснев со скиците, забушавав со боите за дрвото, не ги набавував на време платната и еднаш намерно купив перничиња кои не одговараа. Во секој случај и се воодушевував на нејзината упорност. Од ништо да создаде нешто. Обично кај луѓето е процесов обратен.
Мојата мајка која е уметник по душа, и во душа, на крај доби барокни фотељи. И уморна ќерка. Уморна ќерка во барокна фотеља.

објавено од milozvucna_solza во 03:15 PM | во:
Моите раскази
Permalink | испрати по е-маил |Коментари(2)
Permalink | испрати по е-маил |

Додади коментар
Коментари:
---------------------------------------
---------------------------------------