Окна
5-Aug-2007

Кога го градеа манастирот
Мајсторите окна направија
Лачни.
Низ нив
Болката им влегуваше
И троа виделина
Од очи што им капеше.
Најсетне,
Очите кога им истекоа
Рој светулки и ѕвезди
Го населија манастирот
И се распршаа по
Сводот.

Михаил Ренџов - Нерези, пролетта 81
објавено од milozvucna_solza во 03:33 PM | во:
Поезија општо
Permalink | испрати по е-маил |Коментари(0)
Permalink | испрати по е-маил |




















Додади коментар
Коментари: