Почетна Археологија Палеоантропологија Мојот web site Креативно катче Мојата поезија АрхиваRSSНајди ме
My new web site has just been released. Препорачливо е блогот да се гледа со Mozilla Firefox
Портал за археологија на Македонската Википедија
2-Sep-2007
Во последно време доста работев на зголемување на обемот на содржини на Македонската Википедија од областа на археологијата. Поставив веројатно повеќе од десетици статии и никулци кои се однесуваат конкретно на оваа наука или на дисциплини и термини поврзани со неа (Археологија, Камено доба, некропола, Археометрија, Радиокарбонско датирање, Археолошко ископување итн). На овој начин се создаде една почетна база која понатаму може да се надоградува, да се развива па дури и самостојно да заживее. Сето ова на крајот резултираше со Портал за археологија кој се најде на насловната страна на Википедија како Избран портал за септември 2007.


Кога почнав знаев дека ова ќе биде напорна работа. Требаше многу од статиите кои се веќе поставени да се прегледаат, преработат, променат, одново напишат, вики форматираат и да се постават во соодветни категории.

Упатувам благодарност до сите википедијанци (посебно brest) за несебичната помош во вид на техничка подршка која ја добив од нив. Успеавме на една слободна енциклопедија како што е Википедија да креираме база за археологијата на македонски јазик и со тоа се надевам да споделиме знаење за еден подобар свет.

Ги повикувам сите заинтересирани за оваа наука доколку сакаат би можеле да дадат свој придонес, при тоа почитувајќи ги основните начела на овој проект.

Зошто е потребна македонска онлајн енциклопедија за археологија:

-Зошто како држава досега немаме издадено некаква релевантна општа енциклопедија (со исклучок на Македоника, која е само за Македонија и Македонски древности, специјализиран но ограничен ЦД-ром за археологија и историја на уметноста).
-Зошто на ваков начин би имале бесплатна енциклопедија за археологија.
-Зошто освен бесплатна, секојдневно би растела.
-Зошто секој и од секаде би можел да ги користи нејзините податоци. Доволен ви е компјутер и пристап на интернет.

и секако голема љубов за археологијата.

Добредојдовте на Порталот за Археологија


Добредојдовте на сајтот на слободната енциклопедија на македонски јазик.

Добредојдовте на Википедија!

Овој текст беше поставен на Кајмак.от од страна на корисникот strumjan. За статијата можете да гласате тука.
објавено од milozvucna_solza во 07:22 PM | во: Прилози на Wikipedia
Permalink | испрати по е-маил | Коментари(2)

Додади коментар

Коментари:

archeopedia :)

честито, сеа и официјално.. многу успеси!
Објавено од iacovibus во 07:38 PM, 2-Sep-2007 | Линк | |
---------------------------------------
Коментар без наслов

одлична работа, браво!
Објавено од Anonymous во 12:06 PM, 3-Sep-2007 | Линк | |
---------------------------------------


Археолошки дневник vol.1 (c) 2006-2009 designed by Admin