Изгледот на римската куќа (1)
14-Sep-2007
Експанзијата на латинскиот род која почнала од Апенинскиот полуостров довела до создавање на моќното и огромно Римско царство. Тоа територијално опфатило поголем дел од Европа, на север до Дунав и Рајна, како и целото Средоземје со деловите на Африка и Азија. Римските освојувачи доста спретно се користеле со културните достигнувања на сите народи со кои завладеале (посебно Грците и Етрурците). Самите не се истакнале како некои врвни уметници и креативни творци, но затоа се покажале како извонредни конструктори и техничари, посебно во градежништвото. Тоа го докажуваат нивните монументални градби како: арени, аквадукти, мостови, патишта, храмови и т.н., но секако и нивните фамилијарни објекти, т.е. домовите за живеење.
Каде е базата на податоците за римските куќи?

Дел од римска инсула
![]() Фасада на римска куќа |
![]() Атриум |
Во Римската империја постоеле повеќе видови на објекти за домување, како villa urbana (градска куќа), villa rustica (селска вила), insulae (кварт, остров) и др. Во овој текст ќе се задржам на господската куќа која можеле да си ја приуштат само имотните граѓани во тогашното опшество и се викала domus.
Од надвор била оградена и во неа ништо не се гледало. Кон улицата немала дворови, паркови, врати (со исклучок на влезната) и биле подигнувани на два спрата - првиот за господарот, горниот за робовите.
![]() Поглед атриум-триклиниум |
![]() Поглед на таблинумот од атриумот |
![]() Поглед фауцес-атриум |
![]() Триклиниум |
Свечената соба во куќата (tablinum) со сета своја ширина била отворена кон атриумот, а преку широки врати го спојувала атриумот со перистилот. Перистилот претставувал градина опкружена со столбови. Околу неговиот трем се наоѓале сите други соби (cubicula - спални соби, triclinia - трепезаријата, exedrae - друштвени соби) и собите на домаќините.
A имаме ли ние римски куќи?! Секако дека имаме, но за тоа во следниот текст.
A имаме ли ние римски куќи?! Секако дека имаме, но за тоа во следниот текст.
Продолжува...
Постот е репринт на истоимениот текст публикуван 2003 г. во списанието ,,Мој Дом"
Некои од термините употребени да се опише Roman Domus
atrium - formal entrance hall
ala - "wings" opening from atrium
cubiculum - small room; bedroom
culina - kitchen
exedra - garden room
peristylium - colonnaded garden
taberna - shop
tablinum - office; study
triclinium - dining room
vestibulum - entrance hall
објавено од milozvucna_solza во 08:12 PM | во:
Археологија
Permalink | испрати по е-маил |Коментари(0)
Permalink | испрати по е-маил |



























Додади коментар
Коментари: